Враќање на производи и рефундирање

Процедура на Враќање

Во shop4parts.mk се надеваме дека сте задоволни со нашата услуга, но секако знаеме дека некогаш ќе биде потребно некој производи да се вратат.

-          Пред враќање на било кој производ Ве молиме прочитајте ги нашите Правила и Услови

-          Секој вратен производ мора да биде во затворена кутија и да го содржи оригиналното пакување и документација

-          Shop4Parts мора да биде известен за било какво враќање во рок од 3 дена од првичната дата на испорака.

-          Производите кои ги имате нарачано преку е-продавницата shop4parts не се враќаат или рефундираат освен ако не се оштетени при транспорт, ве молиме при примање на производот да го прегледате пакетот и неговата содржина во случај тој да оштетен не го примајте пакетот и не потпишувајте приемен лист. Откако ќе се потпише приемен лист тоа значи дека робата е во ред и се согласувате да ја примите.

-          Некој од производите имаат гарантен рок, доколку производот ви се расипе во гарантниот рок имате право да го пријавите истиот кај нас на е-маил по веќе востановена процедура за враќање која можете да ја прочитате подолу.

Пред враќање на производот ве молиме контајтирајте не за да добиете Авторизациски Број на Враќање

-         За да добиете Авторизациски Број на Враќање можете да пратите е-маил во shop4parts.mk грижата за корисници на contact@shop4parts.mk


Читко напишете го вашиот Авторизациски Број на Враќање на надворешната страна на пакетот, пратете го на следната адреса:

Улица: 4 број: 17 с. Бардовци

1000 Скопје

Македонија

Трошоците за поштарина за вратените производи ги подмирува купувачот според Процедура на Враќање, освен ако не е претходно договорено и потврдено со одделот за Грижа за Корисници.

Shop4Parts.mk не прифаќа одговорност за губење или оштета на робата при враќање.

Сите вратени производи мора да бидат пристигнати во рок од 3 дена по примањето на Авторизацискиот Број на Враќање.

По приемот,сите производи ќе бидат прегледани, и по наш заклучок, рефундирањето може да биде одобрено или одбиено.

Било кое пакување пристигнато без валиден Авторизациски Број на Враќање на надворешната страна на пакетот ќе биде одбиен.

Делот е додаден во вашата кошничка