Најлесен Начин За Купување

Кога веќе ќе се одлучите за нешто, купувањето ќе Ви биде најлесен дел . Со нови начини ние го направивме купувањето наједноставно и тоа на три начини.

Можете да:

-          Купувате брзо и едноставно (Без регистрација).

-          Регистрирај се и добиваш бенифит.

-          Уплати во банка (Без кредитна картичка).

Купувајте брзо и едноставно на www.shop4parts.mk 24/7 и одберете начин на плаќање.(Мастеркард, Маестро, Виза, Виза електрон). За сите вас на кои времето им е кратко, можете со само еден клик да добиете што сакате. Одберете производ, одберете вид на картица, по внесувањето на потребните податоци ќе добиете потврда за нарачката.

Брзо и Едноставно (без регистрација)

Овој начин на работење со он-лајн продавницата shop4parts.mk овозможува без регистрација да одберете производ или производи до вашата кошничка и да премниете на купување. Вашата кошничка ве упатува кон пополнување на податоци за достава и податоци за вашата картичка преку која ќе се изврши платежна трансакција. На екранот ви се појавува информација дека успешно е извршена трансакцијата и можете веднаш да си испечатите сметка за тоа што сте го купиле, истата информација ќе биде ипратена и на е-маил адресата која ја имате пополнето во формуларите.

Регистрирај се и добиваш погодности

Овој начин на работење со он-лајн продавницата shop4parts.mk овозможува неколку погодности. Прва погодност е дека прв пат внесените податоци за регистрација не морате при секоја наредна посета да ги внесувате, а во вашата сметка можете да ги менувате по потреба. Втора погодност е дека можете да ја прегледате историјата на сите ваши предходни нарачки, секако по потреба и повторно да испечатите сметка за нешто што сте го купиле. Трета бенефиција е да се претплатите на билтен преку кој ќе бидете информирани за сите нови акции или производи кои ги има на он-лајн продавницата shop4parts.mk. Четврта погодност е креирање на ваша листа на желби која едноставно можете да ја споделувате на социјалните медиуми а со самото тоа вашите пријатели, другари и роднини ќе бидат во тек со вашите желби.

Уплати во банка (Без кредитна картичка)

Овој начин на работење со он-лајн продавницата shop4parts.mk овозможува на корисниците кои немаат дебитна или кредитна картичка или од некоја друга причина не можат да вршат уплата со картичка, да можат да нарачуваат производи. Купувањето е исто како и со кредитна картичка. Прво корисникот се регистрира, се додаваат производите кои сакате да ги купите, го избирате начинот на плаќање со уплата преку уплатница, тука завршува вашата работа со е-продавницата. На веб сајтот на shop4parts.mk се појавува копија од пополнета уплатница која треба да ви покаже како треба вие да ја пополните вашата уплатница. Уплатницата ја уплаќате и ни доставувате доказ (скенирана или фотографирана уплатница) за уплата на е-маил или преку нашата контакт форма. Во случај да не ни доставите доказ за уплата во рок од 48 часа вашата нарачка ќе биде автоматски стопирана. По проверката на нашата служба на доказот од ваша страна и изводот од банка од наша страна нарачката ќе биде ставена во распоред за испорака во наредните 24 часа.

Делот е додаден во вашата кошничка