За Нас

   Shop4parts.mk е новооснован “startup” интернет сервис, започнат со работа во 2014 година. Како и секој  “startup”, Shop4parts.mk е во константен развој за достигнување на замислената цел.  Целта е да се креира решение за побрзо, поефикасно и поедноставно купување на резервните делови потребни за одржување на вашето возило.
 
   Идеата на Shop4parts.mk е да ви овозможи пребаруваање низ продуктите според тип и година на производство на возилото, бројот на делот (part number) или со едноставно внесување на посакуваниот дел или бренд во „search bar“- от. Со добиените резултати ќе бидете во можност да ги споредите цените на резервните делови на сите реномирани брендови достапни во Р. Македонија, одбирање на тоа што вас најмногу ви одговара, он-лајн купување и испорака до вашиот дом или до друга посакувана локација во рок од 24 - 48 часа од извршената нарачка низ цела Р. Македонија.
 
   За да се овозможи толку детално пребарување, Shop4parts.mk сеуште е во фаза на збогатување на базата на податоци на сите произведени возила и на соодветните делови за истите.
 
   Се надеваме дека ќе го најдете производот кој најмногу одговара на вашите потреби. Во случај да не можете да го најдете посакуваниот дел или имате сугестија или прашање во врска со нашето работење, исконтактирајте не на contact@shop4parts.mk, ќе ни биде задоволство да Ви одговориме во секое време.
 
Со почит,
Shop4Parts 
Делот е додаден во вашата кошничка